Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед летово ќе тргнат во лов на уругвајскиот репрезентативец Едисон Кавани.


Фудбалерот на Пари Сен Жермен долго време се поврзува со трансфер во Премиер лигата, но никако тоа да се случи.

Најновите информации од островот говорат дека трите англиски гиганти сериозно се заинтересирани за услугите на Кавани.

Засега во трката води Ливерпул, кој понудил најдобри финансиски услови бидејќи неопходен им е напаѓач од светски калибар по заминувањето на Луис Суарез во Барселона.

Мх.П.