На 24.07.2023 во 19.36 часот во СВР Охрид било пријaвено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на Прентов мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три товарни возила, „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56 годишно лице од Охрид, „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од Велес и „митсубиши“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 43 годишно лице од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „митсубиши“, 41 годишен, од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews











