На 16-от Интернационален oнлајн Бреинобреин-абакус натпревар кој се одржа на 24 јануари 2026, од Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид учествуваа 20 ученици. Во конкуренција од 23.912 учесници од 79 земји од светот, охридските Бреинобреин генијалци освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали.

И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите Бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите, велат од Црвен крст Охрид.

Овој успех, посочуваат, претставува потврда за одење по вистинскиот пат со имплементација на Бреинобреин програмата, фокус на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето, кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност.

OhridNews