На светскиот мултимедијален натпревар, организиран од издавачката куќа „ Edilingua“ на кој ученичките Вера Аголи, Ангела Ставреска и Емилија Костоска учествуваа со видео инспирирано од учебникот Progetto Italiano I , ја освоија главната награда доделена од жири комисијата од оваа издавачка куќа.Ментор на учениците е професорката по италијански јазик Ленче Ристевска.

Секоја од ученичките доби материјали од оваа издавачка куќа во вредност од по 40 евра, а училиштето и менторот на ученичките добија дидактички материјали во вредност од 100 евра.

OhridNews