Управата на Борусија Дортмунд веднаш после завршување на сезоната се фати за работа и успеа да договори три фудбалери во само 48 часа.
„Милионерите“ ги официјализираа договорите со Торган Азард, Хулијан Брант и Нико Шулц. Азард на „Сигнал Идуна Парк“ ќе се пресели од Борусија Менхенгладбах, Шулц доаѓа од Хофенхајм, а Брант ќе ги засили клубот од Баер Леверкузен.
- Воден од моите чуства секогаш одлучувам за мојата иднина. Имам добро претчуство за Борусија Дортмунд и воопшто не се двоумев кога стигна понудата до мене. Сезоната која измина екипата за малку не успеа да ја освои титулата, што значи дека има шанси за напредок. Многу сум возбуден за новиот почеток и мотивиран секако, едвај чекам да започне подготвителниот период и новата сезона. – изјави 23-годишниот Брант.
Кога на овие три засилувања ќе се стави и откупот на договорот на Пако Алкасерес од Барселона, управата на „милионерите“ е најуспешна кога се работи за трансферите моментално.
OhridNews