Македонската боксерска репрезентација во младинска категорија, благодарание на охридските боксери се закити со три златни одличја на Меѓународната бокс ревија која се одржа во Ниш, соседна Србија.

Боксерите од охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ во своите настапи не само што беа подобри од противниците, туку покажаа одлично знаење, силна волја и пожртвуваност. Марија Мацеска во финалната борба ја совлада домашната боксерка и национална шампионка Николина Стевановиќ на поени со 2-1, а Ана Мацеска победи против бугарската претставничка Марија Тотева додека Енис Aлиу славеше против црногорскиот боксер Петар Велиќ. Борбата на Aлиу и Велиќ беше прогласена за најдобра.

Од таборот на клубот најавуваат атак на многу златни медали следната година со оглед на боксерскиот потенцијал кој го поседуваат. Веќе од следниот месец им претстои Купот на Нации за жени на кој учество ќе земат Ана и Марија во пионерска односно кадетска конкуренција. Купот на Нации ќе се одржи од 15 до 20 јануари во Сомбор и ќе учествуваат 50 земји.

OhridNews