Утре, 18 Април, со почеток во 13 часот Во канцелариите на Центар на заедниците Струга (улица Владо Малевски бб, Струга) ќе се одржи јавна трибина „Како да управуваме со депонијата додека не се изгради регионалната депонија“. Трибината е во организација на Здружението Центар за одржлив развој на заедницата од Дебар, а ќе учествуваат преставници на Општина Струга, граѓанската иницијатива ДОСТА Е!, Еколошкото друштво „Натура“, претставници од граѓански организации и граѓански активисти.
Активноста е дел од проектот: „Координација и соработка меѓу граѓанските здруженија на животната средина со општините од југозападен плански регион на Р. Македонија“.
Здружението Центар за одржлив развој на заедницата Дебар (CSCD) од месец Септември 2017 до август 2018, година во Дебар и околните општини од Југозападен плански регион го спроведува проектот Координација и соработка меѓу граѓанските здруженија на животната средина со општините од Југозападен плански регион на Република Македонија. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).
OhridNews












