Агенцијата за привремени вработувања “Партнер”, денес во Охрид одржа трибина со дел од невработените охриѓани. Намалувањето на бројот на невработени  и искоренувањето на работата на црно- беа темите на кои се говореше на трибината, на која покрај другото беше истакнато дека агенцијата им дава можност на младите невработени да се запознаат со бенефициите кои ги нудат ваквите агенции.

Директорот на “Партнер”, Раде Ненадиќ, потенцира дека агенцијата  ги штити работничките права, но и интересите на работодавците.

“И едните и другите си ги почитуваат обврските утврдени со договорот за работа. И што е можеби најбитно, ако работите на црно никој не ви гарантира дека ќе ја земете платата која што сте ја договориле со газдата. Кога се работи со договор, преку Агенцијата за привремени вработувања, ние сме тие кои што им даваме плата и им плаќаме придонеси на луѓето, кои со фирмата немаат ништо, освен да работаат во неа”, рече Ненадиќ.

Агенцијата “Партнер” врши обезбедување на привремени работници на компаниите од сите области , со  флексибилност кон клиентите и работниците, задржувајќи го притоа бараното ниво на квалитет, искуство и знаење, нагласи Ненадиќ.

OhridNews