Предизборната кампања на кандидатот за градоначалник на Охрид од НСДП, Ацо Попоски, денеска ќе продолжи со трибина „Охрид – Град со долга туристичка сезона “, што ќе се одржи во 18:00 часот, во конференциската сала на хотелот Милениум. На трибината, како што е најавено ќе бидат презентирани  позначајни проекти од изборната програма на Попоски, кои според НСДП, ќе придонесат Охрид да стане град со продолжена туристичка сезона.

На трибината ќе земат учество и членови од советничката листа како и познати туристички работници од Охрид, а се поканети и граѓаните на Охрид кои исто така можат да дадат свој придонес, информираат од НСДП.

Ohridnews