
На трибината се поканети претставници на политичките организации од Охрид и од централните раководства во Скопје, потоа од локалната самоуправа, сите досегашни и потенцијални идни советници во општина Охрид, научни работници од Охрид и Скопје и други заинтересирани граѓани на Охрид. “На овој начин, сакаме на трибината да и дадеме, пред се, грагански карактер, бидејќи основното мото од нашата програма, во делот на локалната самоуправа, е токму – граганскиот карактер на Советот”, најавува претседателот на Општинската организација на СДУ Марко Спасески.
Потпретседателот на СДУ и носител на советничката листа на партијата за Охрид Веле Митаноски со делегација на СДУ, вечерва од 18 часот во посета на населбата Радојца Новичиќ. На средбата се очекува да стане збор за проблемите со кои се среќаваат жителите на оваа приградска населба.
Општинската организација на Социјалдемократската унија (СДУ), утре, со почеток во 10 часот, ќе одржи прес-конференција, посветена на актуелните случувања од кампањата за локалните избори. СДУ е иницијатор и потписник на “Декларацијата за изборно достоинство” и е обврзана да го следи текот на кампањата и благовремено да интервенира.
Претседателот на Општинската организација Марко Спасески, ќе даде оценка и за вториот дел од изборната презентација, односно за непосредните средби со граганите и одржаните јавни собири. СДУ ќе ги најави и следните програмирани активности.











