“Каков Совет за општина Охрид” е тема на јавната трибина што ќе ја одржи општинската организација на  Социјалдемократска унија на Македонија од Охрид.

На трибината се поканети претставници на политичките организации од Охрид и од централните раководства во Скопје, претставници од локалната самоуправа, сите досегашни и потенцијални идни советници во општина Охрид, научни работници од Охрид и Скопје и други заинтересирани граѓани на Охрид. “На овој начин, сакаме на трибината да и дадеме, пред се, грагански карактер, бидејќи основното мото од нашата програма, во делот на локалната самоуправа, е токму – граганскиот карактер на Советот”, најавува претседателот на oпштинската организација на СДУ, Марко Спасески.

Трибината ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, со почеток во 18 часот.

Ohridnews