Во присуство на претставници на политичките организации од Охрид и од централните раководства во Скопје, меѓу кои беше и лидерот на Социјадемократска унија Лазар Еленовски, потоа од локалната самоуправа, досегашни и потенцијални идни советници во општина Охрид, научни работници од Охрид и Скопје како и и други заинтересирани граѓани на Охрид, синоќа во Големата сала на општина Охрид се одржа трибина на тема:”Каков Совет за Охрид”.
“На овој начин, сакавме на трибината да и дадеме, пред се, граѓански карактер, бидејќи основното мото од нашата програма, во делот на локалната самоуправа е токму – граѓанскиот карактер на Советот”, рече претседателот на Општинската организација на СДУ Марко Спасески, во улога на модератор.
Потестувајќи на “Декларацијата за изборно достоинство” Марко Спасески рече дека ова е втор настан, што СДУ го организира заедно со сите политички партии и други учесници во изборниот процес.

Прв излагач на Трибината беше досегашниот претседавач на Советот на општина Охрид, Владо Чингоски. Тој изрази задоволство што на трибината организаторот и дал, пред се, граѓански, а не чисто партиски карактер и што поканил научни работници.
“Добро е на овој начин да ги спротивставиме научната мисла и досегашните искуства во остварувањето на улогата, компетенциите и перспективите во подигнувањето на авторитетот, достоинството и дигнитетот на Советот на општина Охрид, кон една посакувана цел: обезбедувањето на граѓански карактер на Советот на општината, односно можност граѓаните да влијаат врз работата на Советот, за прашања од нивни непосреден интерес”, потенцираше Владо Чингоски.
Чинговски, во основа, добро ја оцени досегашната рабптата на Советот:
“Наследнмиците имаат од каде да почнат, а имаат и насока во кој правец да продолжат”, потенцираше Владо Чингоски.
Професорот, др Ѓорги Тоноски, познат педагог, социолог по вокација, поранешен професор и еден од основачите на факултетот во Охрид, сега на Универзитетот ФОН во Скопје и како што самиот рече “вљубеник во Охрид”, “Советот на општина Охрид, треба да е одраз на достоинството на овој град. Да ја отсликува неговата интелектуална и национална димензија, но и општата универзална вертикала”, рече Тоноски. Советниците и градоначалникот, треба да ја направат работата на Советот поблиска до граѓаните. Да нема отугеност во погледите и практиката, граганите Советот да го чувствуваат за свој”, рече професорот Тоновски.
Претседателот на СДУ Лазар Еленоски, го пофали изборниот концепт на Општинската организација во Охрид и носителот на Советничката листа Веле Митаноски. “Јас постојано укажувам на потребата, СДУ да биде стожер на активности, кои ќе ги сплотуваат политичките субјекти – учесници во изборите. Македонија само на таков начин ќе емитува пораки во светот, дека е здрела нација и дека го заслужува своето место во НАТО и ЕУ. Во Охрид и со изборното лого: “За достоинството на Охрид” и со непосредната практика, односно изборната кампања, се покажува дека, првенствена цел ни е суштинскиот интерес на граганите”, рече претседателот на СДУ Лазар Еленоски.
Систематизирајќи ја на крајот расправа, потпретседателот на СДУ Веле Митаноски, кој инаку е автор на Националната и локалната, Изборна програма, рече дека на Советот на Охрид треба да се гледа како на втор парламентарен состав во земјата, исто како што на Охрид, треба да се гледа како на втор столичен град во Република Македонија. Митаноски го повтори залагањето за унапредување на граганскиот карактер на Советот, подигнување на компетенциите, преку ангажирање на експерти во помошните тела на Советот итн. Митаноски искажа задоволство што трибината е направен уште еден мал чекор, во унапредувањето на големата улога на Советот на општина Охрид.










