Во среда на 27-ми март, Женскиот центар „Бисера“ од Охрид ќе одржи јавна трибина од областа на здравството на тема „Најчести очни болести“.

Предавањето кое ќе го води д-р Виолета Павловска, ќе биде од отворен тип, а сите заинтересирани граѓани ќе можат да присуствуваат на трибината.

Трибината ќе се одржи во градската библиотека со поч. во 18 часот.

OhridNews