Во петок на 22-ри јануари 2016 година во Домот на култура  во село Мешеишта, општина Дебрца, ВМРО – ДПМНЕ ќе одржи граѓанска трибина.

Според најавите, на трибината ќе присуствува тим од ВМРО-ДПМНЕ и министри од Владата на Република Македонија.

На трибината низ непосреден контакт и разговор, жителите на општина Дебрца ќе имаат можност да дадат свои идеи и предлози кои ќе бидат имплементирани во партиската Програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните Парламентарни избори.

Почетокот на настанот е во 17 часот.

OhridNews