Денес, во 18.00 часот, на платото пред НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи јавен настан – трибина со Радмила Шеќеринска – Министер за одбрана на РМ.

Целта на средбата е да се информираат граѓаните за придобивките од членството во НАТО и Европската Унија и официјално да се назначи почетокот на кампањата за референдумот.

„Македонија помина низ многу крстопати и во клучните моменти, секогаш избираше иднина. Денес сме горди на Илинден, на АСНОМ и на Референдумот од 1991 година, како најважни историски моменти од борбата за нашата независност и државност. Избравме самостојност, мир и стабилност. Сега треба да го направиме следниот чекор. Ова е историска можност и секој од нас треба да излезе и да донесе одлука“, се вели во најавата на СДСМ Струга.

OhridNews