Во рамките на активностите „Грижа за здравјето на учениците“, утре, 22-ри мај, во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ – Охрид ќе се одржи трибина на тема: „Деформитетите на р’бетниот столб кај учениците и корективната гимнастика“
Предавач ќе биде дипломираниот кинезитерапевт Јован Каланоски од студиото КИНЕЗИО од Охрид.
Учесници на трибината покрај ученици ќе бидат и наставниците по физичко образование од нашето училиште, одделенските наставници на ученците од трето до петто одделение и педагошко – психолошкта служба во училиштето.