На 23-ти декември, во 12 часот во Големата сала на општина Охрид ќе се организира трибина под наслов : „На секое дете му е потребно семејство“.

Трибината е во рамки на проектот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид, со поддршка на Владата и министерството за труд и социјална политика,чија цел е да се информира јавноста за формата-сместување во згрижувачко семејство и бенефитот кој го имаат згрижувачките семејства.

На трибината,на згрижувачките семејства ќе им се изрази благодарност за досегашната соработка и ќе се доделат новогодишни пакетчиња за децата сместени во нивните семејства.

OhridNews