Во пресрет на одбележувањето на 17 март – Денот на крводарителството во Република Македонија, Црвен крст Охрид организира јавна трибина на тема „Доброволно крводарителство-потреба и предизвик“.

Трибината, на која учество ќе земат крводарители, стручни лица од Институтот за трансфузиона медицина на Р.Македонија, пациенти, претставници на Клуб 25 на крводарители при Црвен крст Охрид и сите заинтересирани граѓани за оваа тема, ќе се одржи на 16.03.2016 (среда) со почеток во 14 ч. во големата сала на Општина Охрид.

OhridNews