Секоја година од 21 до 27 септември се одбележува неделата на ПХВ со цел промоција на мир, толеранција, соживот и ненесилство, велат од Црвен крст Охрид.

Оваа година се организира трибина на којашто ќе се зборува за булингот, за насилството во училиштата, видиливото и скриеното, и ќе се стави акцент на постоењето на тоа насилство и на начините на коишто може да се превенира и стопира, потенцираат од организацијата.

Трибината ќе се одржи на 27 септември, среда, во ООУ „Григор Прличев“ со почеток во 13:00 часот.

Ги покануваме заинтересираните ученици, наставници, родители и други граѓани да ја посетат трибината, додаваат од Црвен крст Охрид.

OhridNews