Опција Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација организираат трибина насловена „Здружени и гласни за општество без дискриминација: Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во Општина Охрид“.
Трибината ќе се одржи денес со почеток од 12 часот во Младински Центар Охрид
Целта на трибината е да го промовира Законот за спречување и заштита од дискриминација и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација помеѓу граѓаните на Општина Охрид за да се зголеми бројот на пријави на дискриминација од страна на локалното население и да се придонесе кон поеднакво и поправедно општество без дискриминација. На трибината ќе се разговара за препознавање на дискриминацијата, начинот на нејзино пријавување, постапката пред Комисијата и начините на отстранување дискриминација. Понатаму, ќе се разговара за проблемите со дискриминација со кои се соочуваат маргинализираните групи граѓани, велат организаторите.
Оваа трибина е прва активност во Општина Охрид од проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ поддржан од програмата Цивика Мобилитас.
OhridNews