Денеска во канцелариите на кандидатот за градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, ќе се одржи трибина на тема „Заштита и промоција на културното наследство и културниот туризам во Охрид“.

Во организација на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, на настанот свое учество и обраќање ќе имаат директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали-Бунташеска, раководителот на народен театар, Горан Стојаноски, деканот на ФТУ, Сашо Коруноски,  претставници од УИНТ „Св. Апостол Павле“, како и претседателот на Комисијата за туризам при О.К ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Бакрески.

Модератор ќе биде претседателот на Комисијата за култура на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Велјаноски-Летра, а трибината започнува во 14 часот.

OhridNews