Како што истакна на денешната прес конференција претседателката на УЖ на ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска, постојано се зголемува бројот на жените вклучени во политиката.
– На мое големо задоволство, нивниот број сега е многу поголем споредено со пред неколку години. И тогаш постоеше интерес од нивна страна, но сепак поради патријахални причини многу жени сметаа дека не им е местото во политиката. Сега, во организирањето на трибините и активностите на УЖ се вклучени голем број жени кои даваат голем придонес во самобитот на жената, истакна Јанковска.
На утрешната трибина предавачи ќе бидат пратеничката Анита Кипаризова- Крстеска, Каролина Буџакоска- советник и претседателот на УЖ на ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска.
Наскоро ќе бидат одржани и трибини на кои ќе се зборува на темите “Жените, менопаузата и остеопорозата”, како и за “Бракоразводот и негативното влијание врз децата”.
По повод неделата на солидарност и претстојните Велигденски празници, Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ организира и хуманитарна акција, во чии рамки ќе бидат доделени пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена на ранливите категории граѓани.