Македонскиот интернационалец Иван Тричковски ја погоди мрежата на Њукасл во ремито на домашен терен 2-2. Тричко беше стрелец на водечкиот гол на Бриж во 14 минута.

По ова реми белгискиот тим направи чекор назад кон пласманот во наредната фаза. Во останатиот натпревар Бордо со 1-0 го совлада Маритимо.

По четири одиграни кола Њукасл е прв со 9 бода, Бордо е втор со 8, следува Бриж со 4 и Маритимо со два бода. Во наредната рунда Бриж на домашен терен го пречекува Бордо.