Македонскиот напаѓач Иван Тричковски е во трка со времето но очекува да биде подготвен за пријателската средба со Луксембург в среда во 19 часот.

– Почувствував грч во второто полувреме на средбата со Неа Саламис на која победивме со 1-0, но денеска се чувствувам одлично и подготвен сум за вечерашниот тренинг. Ќе направиме уште еден преглед за секој случај со лекарскиот тим во репрезентацијата , но се надевам дека нема да има проблеми и в среда ќе истрчам на средбата со Луксембург- оптимист е репрезентативниот напаѓач.

Поради повреди настапот на пријателскиот дуел го откажаа Николче Новевски и Горан Попов. Селекторот Џон Тошак дополнително го повика фудбалерот на Млада Болеслав, Владимир Димитровски.

Ohridnews