Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак не ќе може да смета и на услугите од напаѓачот Иван Тричковски, кој повреден допатува во Охрид. Најдобриот македонски интернационалец во моментов по два дена одвоена работа од групата, доби дозвола да ја напушти репрезентативната база во Охрид. Претходно поради здравствени проблеми ослободени од репрезентативните обврски беа и искусните Горан Попов, Горан Пандев и Николче Новевски.


– Тричковски влече повреда на задната ложа и тој ќе продолжи со физикална терапија. Се работи за свежа повреда, која бара одреден период за да зарасне – рече докторот на репрезентацијата Виктор Камиловски.

Нови имиња Тошак нема да повика. Последен во државниот тим се приклучи Агим Ибраими и на располагање за утрешниот тест со Албанија во Прилеп останаа 20. кандидати. Репрезентацијата денеска од Охрид се сели во Прилеп.

М.П.