Настапите на македонската  селекција на Европското првенство означија крај на брилијатната репрезентативна кариера на Горан Пандев, но и на Иван Тричковски и Крсте Велкоски, кои ставија точка во националниот дрес.

Пандев беше испратен со сите почести од „Јохан Кројф“ арената во Амстердам, додека Тричковски и Велкоски повлекувањето го најавија после завршувањето на натпреварот.

Тричковски настапуваше за Македонија на сите три мечеви во групната фаза, додека Велкоски не доби шанса, сепак, беше дел од селекцијата која ќе остане запишана во историјата.

Мечот со Холандија беше последен и за Игор Ангеловски на селекторско столче во македонската репрезентација. Тој рече дека средбата со медиумите после дуелот со Холандија е последен работен ангажман како селектор.

OhridNews