Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски фудбалската сказна ќе ја продолжи во белгискиот Бриж.

Напаѓачот по одличните настапи во кипарскиот Апоел беше мета на рускиот Зенит, а последно интерес за него пројави и италијанскиот Торино.

Бриж ќе биде шестиот клуб во неговата кариера. Ја започна во Вардар,потоа трансферираше во Работнички од каде замина во Црвена Звезда. По краткиот престој во поранешниот европски првак, се пресели во Кипар во тимот на Енозиз каде во 29 меча постигна 8 гола.

Потоа следуваше вистински погодок и трансфер во Апоел каде популарниот “Тричко“ експлодираше. Во 51 меч постигна 17 гола, а заедно со клубот имаше сезоната за паметење во Лигата на Шампиони.

Со трансферот на Тричковски во Бриж, се зголемува македонската колонија во белгискиот шампионат. Таму се уште голманот Томе Пачовски, дефанзивецеот Бобан Грнчаров и напаѓачот Александар Трајковски.

Ohridnews

Вардар (32/6), Работнички (26/14), Црвена Звезда (25/3), Енозиз (29/8), АПОЕЛ (51/17) Клуб Бриж ???
успеси: Шампион со Работнички (2007), Шампион со АПОЕЛ (2011), Супер Куп со АПОЕЛ (2011), Лига на шампиони 1/4 финале со АПОЕЛ.
Поединечни признанија: Играч на годината во Македонија 2011, Најдобар странец на Кипар 2011.