Во последните 24 часа се направени 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нов случаj на ковид-19, од кои 31 во Охрид, каде изминатото деноноќие починаа три лица.
Најмногу нови случаи има во Скопје 583, по што следат: Куманово 100, Дебар 12, Штип 40, Прилеп 57, Тетово 80, Струга 13, Велес 64, Битола 50, Кавадарци 23, Гостивар 46, Гевгелија 22, Струмица 15, Крива Паланка 9, Радовиш 5, Крушево 8, Кочани 29, Пробиштип 6, Демир Хисар 10, Македонски Брод 2, Пехчево 5, Берово 3, Валандово 4, Виница 13, Делчево 6, Кратово 4, Свети Николе 12, Кичево 35, Ресен 10, Неготино 24.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 279.770 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 42540, бројката на оздравени пациенти е 25353 на починати е 1212, а бројот на активни случаи изнесува 15975.
Со денешните 31, бројот на активни случаи во Охрид се искачи на 438.
OhridNews











