Со акцијата што рано утрово полицијата ја спроведе по налог на Јавното обвинителство, опфатени се 36 лица, Тие се се гонат за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност во врска со немилите настанои во Собранието на Република Македонија што се слуија на 27 април оваа година.
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка.
По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.“ – соопшти Јавното обвинителство.
Дел од обвинетите меѓу кои има и носители на јавни фунции од Охрид, утрово се изведени пред истражен судија. Дел од пратениците кои се приведени во акцијата се повикале на пратеничкиот имунутет, што според законот може да го направат за дела за кои е предвидена казна затвор до 5 години, додека за делото за кое ги товари обвиителството предвидена е казна затвор oд најмалку 10 години.
OhridNews