Tриесет и третата седница на Советот на Oпштина Охрид ќе се одржи во среда со почеток во 9 часот. На дневен ред 51 точка.
Советниците ќе распрваат за давање согласност на Одлуката за работа на групи со поголем, односно помал број деца од законски утврдениот број во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид, усвојување на годишниот извештај како и програмата за работа, систематизација на работни места, како и утврдување на работното време на вработените.
На дневен ред и бодовите за пресметување плати на вработени во ЈП-ја, утврдување на тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење, тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води, пренесување на правото на користење на опрема за голф терен за вежбалиште за голф сопственост на општина Охрид на ЈП Билјанини извори Охрид и точки кои се однесуваат на урбанистичко-плански документации.
Детали за дневниот ред на линкот.
OhridNews