Американски астрономи од опсерваторијата Маунт-Лемон, открија нов астероид кој во понеделник, на 28-ми мај, ќе пролета крај Земјата на растојание од 56 илјади километри, објави Центарот за мали планети при Меѓународната астрономска унија, пренесува „Макфакс“.
За првпат во историјата астероидот кој е означен како 2012 КП24, беше забележан во средата на 23-ти мај. Астрономите спровеле досега 12 набљудувања на овој вселенски објект, што овозможи да се открие неговата орбита. Пресметките покажаа дека астероидот 2012 КП24 се однесува како астероидите од семејството Аполон, чии орбити се сечат со орбитата на Земјата и со орбитата на Марс. На овој вид припаѓаат околу две-третини од познатите астероиди, чиишто орбити се во близина на Земјата (НЕА).
Според податоците на астрономите, во понеделник на 28-ми мај, во 16.18 часот по Гринич (18,8 часот по македонско време) астероидот 2012 КП24 ќе мине крај Земјата на растојание од 0,00037 астрономски единици, односно 56.040 километри. Научниците проценуваат дека дијаметарот на вселенско тело изнесува меѓу 11 и 36 метри.
Следниот пат кога овој објект ќе се врати кон Земјата е на 8-ми октомври 2012 година, но ќе пролетаат многу подалеку, на оддалеченост од 0,43 астрономски единици или 64 милиони километри.
Единаесет трофеи, 21 златен и 8 сребрени медали освоија охридските бреинобреин генијалци на VIII-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата Од Центарот за развивање вешт...
Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денес оставри средба со новоименуваниот амбасадор на Австралија во амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, НЕ Питер Трасвел и почесниот ко...
Оваа сабота во паркот пред НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи Саем за волонтерски можности – Охрид 2025 во периодот од 12 до 15 часот На Саемот заинтересираните ќе имаат можност да се сретна...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.