По трите порази во низа охридските ракометари со цел плен се вратија од едно гостување. Победата само ја зголемува самодовербата кај охриѓани кои во дебитантската сезона бележат позитивни резултати.


– Конечно по лошата среќа на минатите гостински натпревари овај пат изигравме со срце и гиневме на терен до последна секунда. Оваа победа ја подига атмосферата значајна е за понатаму, и  се надевам дека следните натпревари ке ги изиграме без пораз – вели капитенот Трифуноски.

По седумте одиграни рунди, охриѓани со 12 бода се наоѓаат во горниот дел од прволигашката табела. Кај ракометарите не скриена е желбата да се најдат во елитното ракометно друштво.

– Апетитите во клубот нормално дека растат,и ние играчите посакуваме да играме во супер лигата а знам дека и нашата верна публика сака да не види во најквалитетната лига – завршува Трифуноски.

М.П.