Две победи во двата домашни натпревари за охридските ракометари кои по Младост 28-23, во нотесот влезе и МРК Ѓорче Петров. Скопјани беа отпишани уште на стартот од мечот кога беше направена предност која им даде на знаење кој е кој.

Полека полека, влегуваме во посакуваната форма. Одигравме одличен меч, со доста трчање и силна одбрана. Како одминува времето се подигнува кондицијата и од натпревар во натпревар ќе биде уште подобро – вели капитенот на тимот Аце Трифуноски кој девет пати ја затресе мрежата на скопјани.


Се уште недостигаат победи од гостувањата, многу блиску до триумф беа охриѓани на последното гостување во Скопје, кога во финишот на мечот беше испуштена победата. Гостувањето во Радовиш е вистинската можност за првиот гостински триумф смета Триуфноски.

Заигравме како што и доликува на една стабилна екипа, играта на мечот со “Ѓорче“ ни дава за право да се надеваме на триумф во Радовиш – завршува Трифуноски.


Радовиш на досегашните два меча на домашен терен беше поуспешен од Ринија со 33-22 и од Лазарови со 36-25.

М.П.