Стратегот на “помалиот брат“ Охрид Лоте, Димитри Триуфноски – Србо не штедеше пофални зборови за работата на српскиот стратег на клупата на Охрид 2004, Драган Антиќ. По завршувањето на мечот кој Охрид мининално го дoби против Тетекс со 1-0 , популарниот Србо рече.


– Никако градот Охрид не смее да да дозволи српскиот стратег да го напушти ФК Охрид 2004. Резултатите кои ги постигнува клубот под негово водство не оставаат никого рамнодушен. Апелирам, час поскоро да се средат работите во ФК Охрид 2004, српскиот стручњак да остане на охридската клупа и да му се овозможи што подобри услови за работа, посакувам Охрид да го видам во европските натпреварувања – рече Трифуноски.

По доаѓањето на охридската клупа, тимот во последните осум кола забележа четири победи, три пати ремизираше и претрпе еден пораз на гостувањето во Тетово кај Шкендија.

Ohridnews