Ваквиот систем на натпревари е доста напорен за играње – е првиот впечаток на најдобриот стрелец во охридскиот состав Аце Триуфноски, кој на двата куп меча вкупно постигна 20 гола.


Охридските ракометари во првиот меч од куп турнирот беа подобри од Младост со 27-22, додека во финалето достојно му парираа на суперлигашот Тинекс Пролет кој со 29-23 обезбеди пласман во понатамошната рунда.

Споро влеговме во првото полувреме во кое домаќините направија разлика, која успеаа да ја зачуваат до крајот на мечот– вели Трифуноски кој 11 пати ја тресеше мрежата на Тинекс.


Дополнителен проблем за охридскиот состав беше и повредата на Николовски, кој вториот дел го преседа на клупата за резерви. Трифуноски (24) смета дека и покрај поразот во финалето одиграле солидно и само ја потврдиле добрата форма во која се наоѓа охридскиот прволигаш.

Одигравме одговорно колективно, и максимално пожртвувано за секоја топка. Покажавме карактер и сплотеност, тоа се најдобрите карактеристики кои ја красат оваа група на ракометари – завршува Трифуноски.

Викендов кој следи продолжуваат мечевите во Првата лига, во која Охрид на домашен терен го пречекува Ѓорче Петров 64.

М.П.