Европскиот вицепрвак, Франција го доби со 3-1 дербито со Италија меѓу неколкуте пријателски мечеви кои се одиграа ширум Европа.


„Триколорите“ на прав начин ги лечат раните од поразот во финалето на ЕП пред своите гледачи. Ентони Марсија погоди за 1-0, бројките на семафарот ги изедначи Грацијано Пеле. Оливие Жиру го врати водството, а печат на победата стави новиот играч на ПСЖ, Левјин Курцава.


Фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва ја потопи Белгија, откако ги постигна двата погодоци за Шпанија во триумфот 2-0. Мечот со „црвената фурија“ беше деби за новиот селектор Роберто Мартинез и неговиот помошник, Тиери Анри.


Резултати: Белгија – Шпанија 0-2, Холандија – Грција 1-2, Португалија – Гибралтар 5-0, Италија – Франција.

OhridNews