Рома го совлада Тотенхем 3:2 во пријателски натпревар кој се одигра во Њу Џерси. Натпреварот беше решен во трилер-завршница, три гола беа постигнати во последните три минути, од кои два во судиското надополнување на времето.

Рома првиот гол го постигна во 13. минута од пенал што го реализира Пероти. Овој резултат беше активен до 70. минута кога Ундер ја зголеми предноста на римскиот тим.

Тотенхем сепак успеа да стигне до израмнување, и тоа со головите во 87. и 91. минута, кои ги постигнаа Винкс и Јансен. Сепак, Рома успеа да ја однесе победата во 92. минута кога конечниот резултат го постави Стротман.

OhridNews