Македонскиот преставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје забележа сензационална победа на гостување во Словенија, кај Унион Олимпија со 64-60 (14-19, 12-18, 17-13, 17-14) .


“Штрковите“ до третата победа во АБА Лигата, дебитанска за новиот тренер Алаш Пипан стигнаа во трилер завршница. “Сините“ по три четвртини игра имаа предност, која лесно ја прокоцкаа во последната.

Во последната минута од мечот, екипите стартуваа со изедначен резултат. МЗТ во составот поради пет лични ги немаше Тодор Гечевски (15 поени, 4 скокови), Дамјан Стојановски (7 кошеви) и Борис Бакиќ (4 поени).

Решавачките поени прво 2+1, потоа и “чисти“ два ги постигна американецот Кејд Дејвис, кој натпреварот го заврши со 11 поени. Во клучните моменти не затрепери ни раката на Кирил Николовски, кој ги реализираше двете слободни фрлања.


МЗТ им донесе радост на македонските навивачи во Љубљана

Со победата во Словенија,  “штрковите“ го предадоа фенерот и со шест бодови се на 12-та позиција на табелата. Нареден противник на МЗТ Скопје во АБА Лигата е аспирантот за висок пласман екипата на Цедевита.

Мх.П.