По целодневни борби главниот град на Либија, Триполи, вчера падна во рацете на бунтовниците. Низ улиците на градот се слави победата на револуцијата, но засега како што јавуваат свестките агенции нема инциденти и кражби на продавници кои во најголем дел се затворени.


Во моментов сеуште не се знае каде е соборениот претседател Моамер Гадафи. Според едни информации тој успеал да ја напушти земјата, а според други сеуште се крие некаде во Триполи. Двајца од неговите синови се уапсени, а третиот успеал да побегне откако претходно се предал на бунтовниците. Против тројцата синови и таткото Гадафи Меѓународниот суд за човекови права во Хаг покрена обвинение за злосторства против човештвото и убивање цивили.

OhridNews