Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, беше во работна посета на Охрид и Струга, каде се сретна со претставници на риболовните здруженија и риболовците од тој крај.

Со ова што го донесевме како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, исполнуваме уште едно од ветувањата од предизборниот период, рече тој.
Министерот посочи дека покрај за рекреативен риболов, со риболовната основа се става во функција целото езеро односно ќе биде под контрола и комерцијалниот излов што, како што рече, ќе значи дополнителна заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро.
OhridNews












