Во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни Светскиот ден на животната средина, Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“.

Традиционално и оваа година ќе се реализира проектот „ Цветни балкони- цветен Охрид“ при што ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, ул. „Вангел Николоски“, ул. „Дебарца“, ул. „Александар Гушо“, ул.„Трајче Дојчиноски“, ул „1-ви Мај“, ул. „1-ва Македонска ударна бригада“ од пресекот со ул. „ Питу Гули “ до Стобекс.

Акцијата ќе се реализира на 04 јуни(среда) и 05 јуни (четврток).

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе претходно ќе треба да се запишат на список во Општина Охрид-Одделението за заштита и влијание на животната средина во соба бр. 54 на 02 (понеделник) и 03(вторник) од 12-15часот. Делењето на цвеќињата ќе се изврши во расадникот на ЈП Комуналец на 4 јуни (среда) и 5 јуни (четврток) од 10 до 13 часот.Граѓаните од горе споменатите улици кои претходно се запишале на список во Општина Охрид, цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење. 

Целта на кампањата – „Недела на животната средина“ е да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина, потенцираат од локалната самоуправа.

OhridNews