Екипата на Барселона е сигурен патник во четвртфиналето во Купот на Шпанија откако во првиот натпревар на Ноу Камп со 5-0 го совлада Елче.
Убедлив триумф на каталонците донесе триото Нејмар, Меси и Суарез кои постигнаа четири од петте погодоци, а уште еден реализираше Жодри Алба.
Осминафиналето во Копа дел Реј се комплетираше со дуелот Гранада – Севиља, кој заврши во корист на гостинот 1-2.
Мх.П.