Екипата на “Фер Плеј“ турнејата во Крагујевац ја заврши без пораз. На натпреварите од вториот ден “цицибаните“ одиграа реми без голови против Раднички. Најзалсужен за “нулата“ е чуварот на мрежата Толевски Петар кој скроти два пенали на домаќините. Охриѓани пропуштија одлична прилика во финишот преку Миткоски.


“Петлите“ ја забележаа втората победа,  по Раднички на списокот на “Фер Плеј“ се најде и Шумадија откако беше солвадана со убедливи 4-0.


Резултатот го отвори Марко Арсенов со третиот погодок на турнејата, а водството на 2-0 го зголеми Спасески Ристе. Вториот дел охригаѓани го започнаа решени да обезбедат сигурен триумф, за 3-0 прецизен е Михаил Ристески, додека конечните 4-0 беа дело на најдобриот стрелец на турнирот Марко Арсенов со четири погодоци.


Експедицијата во Крагујевац, денеска го завршува престојот и претпладне околу 9 часот тргнува кон Охрид.

Од Крагујевац, Србија:
Михаил Постоловски