Калиопи и Наум со „Рум -дум-дум“ настапија и на националниот избор на песна за Евровизија
Фестивалот на кој имаше повеќе македонски изведувачи се одржа по невообичаено студено време за црногорското приморје во овој период од годината. Дождот, а на моменти и градот придонесоа финалната вечер да ја проследи помалубројна публика, која го поздрави триумфот на македонската песна во Херцег Нови.











