Екипата на Лестер ги подгреа шампионските амбиции откако со 3-1 го совлада Манчестер Сити во дербито на Етихад во 25-та рунда од Премиер лигата.
„Лисиците“ преку Роберт Хут погодија уште во третата минута, а до крајот на првиот дел оддолеаја на сите напади од домаќините.
На стартот од вториот дел гостите го дуплираа водството со голот на Ријад Марез, а со вториот погодок Роберт Хут донесе убедлива предност (3-0). Почесниот погодок за „граѓаните“ го постигна Кун Агуеро во последните минута од натпреварот.
Резултати: Мен Сити – Лестер 1-3, Астон Вила – Норвич 2-0, Ливерпул – Сандерленд 2-2, Њукасл – ВБА 1-0, Стоук – Евертон 0-3, Свонси – Кристал Палас 1-1, Тотенхем – Ватфорд 1-0, Саутемптон – Вест Хем.
Табела: Лестер 53, Тотенхем 48, Мен Сити 47, Арсенал 45 (-1), Мен Ју 40 (-1)…
Мх.П.











