ГРК Охрид со пехар го заокружи настапот на 54. Меѓународен ракометен турнир во Струга. Охриѓани во финалето го совладаа Вардар 1961 и го одбранија трофејот освоен минатата година.

По завршувањето на финалето следуваше свеченото доделување на пехарот, медалите и признанијата, а победничкото славје на охридските ракометари го овековечија бројните фотографии.

Покрај екипниот трофеј, ГРК Охрид ги однесе и индивидуалните признанија. Мартин Иваноски беше прогласен за најкорисен играч на турнирот, а Дино Славиќ ја доби наградата за најдобар голман.

Посебен момент на завршната вечер беше доделувањето на признанието за животно дело на Илија Буши. РК Струга му го додели признанието за долгогодишната и посветена работа во клубот, несебичниот придонес, љубовта и верноста кон клубот и значајниот белег што го остави во историјата на струшкиот ракомет.

Во продолжение, низ фотографии, дел од атмосферата од финалето, победничкото славје на ГРК Охрид и доделувањето на пехарот и признанијата.

ГРК Охрид го одбрани трофејот на турнирот во Струга и најави возбудлива сезона

Фото: Анамарија Момироска