Тркалезна маса на тема „мрежите духови“ како глобален проблем за водните екосистеми и чекор напред во решавањето на овој проблем за Охридското Езеро ќе се одржи во петок, 6-ти октомври, во организација на ЈНУ „Хидробиолошки завод“ од Охрид и Healthy Seas.

Ќе бидат претставени резултатите од Пилот проектот за регистрирање и отстранување на напуштените, изгубени и на друг начин оставени рибарски мрежи – „мрежи духови“ од Охридското Езеро, спроведен со цел детекција на повторна акумулација на рибарски мрежи на одредени локалитети во Охридското Езеро, кои воедно претставуваат природни рибни плодишта на ендемичната охридска пастрмка и одредување на динамика за нивно отстранување во наредниот период, информираат организаторите.

Поздравни обраќања според прорамата предвидено е да имаат Бен Оортвијн и Кристина Виегерс од Healthy Seas, Орхидеја Тасевска, директор на ЈНУ „Хидробиолшки завод“ од Охрид, Виолета Михајлоска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Тркалезната маса на засегнати страни со дискусија за проблемите предизвикани од „мрежите духови“ ќе се одржи во салата за состаноци во Општина Охрид со почеток во 10:00 часот.

OhridNews