Тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска, информираат од Министерството за здравство. Посочуваат дека согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.

Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќање од Полска, истиот денеска се пушта на домашно лекување. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника Св.Наум Охридски 6 пациенти. Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца пациенти, велат од Министерството.
Потенцираат дека внимателно се следи состојбата на повредените пациенти и се во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, за обезбедување на најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.
OhridNews











