На 05.08.2023 во 17:50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишен Жител на Скопје и патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 69-годишно лице, исто така од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на волво, додека со телесни повреди се здобил возачот на хјундаи и сопатникот од неговото возило (18) од Скопје, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. – соопшти МВР
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струга.
OhridNews











