Рано утрово во  во 04.30 часот на регионален пат Охрид-Свети Наум во населба Свети Стефан, патничко моторно возило „Бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен охриѓанец, излетало надвор од коловозот.

По несреќата возачот и неговиот сопатник (18) од Охрид, биле пренесени во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, соопштиМВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Утрово, околу 06.20 часот, на ул.„АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 20-годишен охриѓанец и патничко моторно возило ,,голф’’ со охридски регистарски ознаки, управуван од 53-годишен жител на  с. Коњско, охридско.

По несреќата возачот на моторциклот К.С. бил пренесен во Специјална болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР

Увид на местото на настанот извршила екипа до СВР Охрид.

OhridNews